Македонија

Пропадна обидот на Комерцијална да ја купи Стопанска АД Битола: акционерите ставија кочница, а банката е стабилна и сигурна

Пропадна обидот за спојување на Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола. Понуда за преземање била прифатена од 149 сопственици на обични акции со право на глас, кои поседуваат вкупно 176.154 обични акции, односно 45,0548% од сите акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола.

Причина за неуспешност е тоа што не се изјаснија позитивно по однос на понудата на Банката доволен број акционери кои поседуваат обични акции со право на глас, односно во законски утврдениот рок до 22.09.2024 година не дадоа Изјава за прифаќање на понуда за откуп по цена од 3.200 денари по акција.

Ова доаѓа откако од „Пелистерка АД“, како носители на акции укажаа на помалите акционери дека понудата од Комерцијална банка за откуп на акција по 3100 денари е несоодветна и не е ниту близу до вредноста на акциите на банката утврдена со финансиските извештаи од 2022 и 2023 година.

„Оттаму сметаме дека финансиската кондиција на Стопанска банка АД Битола, е исклучително поволна и понудета вредност од страна на Комерција банка за откуп на акциите не ја дава реалната слика за моменталниот, но и за идниот потенцијал на банката. Дополнително сметаме дека бројот на вработени во Стопанска банка АД Битола целосно е во согласност со деловните потреби за опслужување на сите клиенти и воопшто не сме согласни како квалификувани акционери дека по евентуалното преземање само дел од вработените би биле преземени, а мнозинството отпуштени. Ова едноставно не е прифатливо како за нас, така и за економијата на пелагонскиот регион и особено за градот Битола од каде што доаѓаат најголемиот дел наши вработени. На крајот сакаме да потенцираме и да укажеме дека Стопанска банка АД Битола е по многу нешта најстабилната и најсигурната банка во Македонија имајќи во предвид дека најголемиот дел од пласманите се до државни обврсници“, информираа претходно од „Пелистека АД и фирмата „ТИМОХ ДОО“.

Пелистерка АД: Понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка АД Битола не е соодветна со вредноста на банката

На почеток