Скопје

Прегазен малолетен пешак во Скопје, однесен во болница со тешки повреди

На 26.09.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Цветан Димов“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од с.Блаце, скопско, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На почеток