Заев, Анѓушев и Тевдовски ја туркаат Република Македонија во економски колапс. Економијата се соочува со невидена катастрофа. Нема резултати, нема нови инвестиции, има пад на проекциите на раст на БДП но затоа имаме нови милионски задолжувања.Црната економска тројка и криминалниот картел на власт безмилосно продолжуваат да ја задолжуваат Република Македонија. Веселите математики на Зоран Заев и неговото трето полугодие не можат да ја сокријат катастрофата и неспособноста која ни ја донесе, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, идната недела Владата најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра. Каде одат овие пари и на што се трошат никој не знае. Нема нови болници, нема патишта, нема нови фабрики, нема нови отворени работни места но затоа има 1,5 милиони евра за лубриканти кои според СДСМ ќе штитат од заразни болести.
,,Црната тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски три недели наназад по истиот основ ја задолжија Република Македонија за 102 милиони евра.Јавниот долг за кој толку многу се фалат дека го донесоа под контрола веќе достигна 48.8% од проектираниот БДП. Меѓународните институции веќе излегоа со најава дека се очекува за многу кратко време да ја помине и онаа психолошка граница од 50% од БДП. Дури и растот на БДП од 3.2% кој тие самите си го проектираа и упорно тврдеа дека ќе се оствари оваа година ќе заврши најверојатно на околу 1.2 %. Додека другите држави во Европа и во регионот рушат рекорди на стапките на раст во БДП, Македонија убедливо е на дното. Ние треба да се задоволиме само нешто над 1 %. Колку за споредба оваа година највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7%, Бугарија 3,6%, БиХ 3,2% и Хрватска 2,8%. Растот што го ветуваше Зоран Заев за време на изборите од 5% се виде дека се граничи со научна фантазија. Секое ново задолжување само ја покажува неспособноста на оваа влада и ја уништува иднината на генерациите кои доаѓаат, се вели во соопштението.