Свет

Бројот на жртвите од ураганот Хелена се зголеми на 116, илјадници луѓе останаа без домови

Бројот на загинати од ураганот Хелена, кој го погоди југоисточниот дел на САД, се искачи на 116, оставајќи илјадници луѓе без покрив над главата во погодените области.

Официјалните лица набрзина доставуваат основни материјали за настраданото население, го обновуваат снабдувањето со електрична енергија и ги расчистуваат блокираните патишта, јавува CBS News.

Ураганот Хелена предизвика големи разурнувања и прекин на електричната енергија кај неколку милиони луѓе.

Невремето го зафати копното во четвртокот вечерта на брегот на Биг Бенд, Флорида, а Хелен е третиот ураган што ја погодил областа во последните 13 месеци.

Американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата вечер доби извештај за ефектите од разорната бура на огромен дел од јужниот дел на САД и најави дека оваа недела ќе ги посети областите погодени од ураганот.

Белата куќа објави и дека потпретседателката Камала Харис ќе ги посети областите погодени од невремето „што е можно поскоро“.

Потпретседателката на САД одлучи да ја прекине кампањата во државата Навада и денеска да се врати во Вашингтон на брифинг за одговорот на последиците од ураганот Хелена, соопшти Белата куќа.

На почеток