(Видео) Неконтролиран пожар се шири во Грција: Има жртви
Пожар во областа Коринт, на југот на Грција, поради силниот ветер неконтролирано се шири, а две безживотни тела се пронајдени неколку часа откако две лица беа пријавени за исчезнати, соопшти денеска грчката противпожарна служба.
Станува збор за двајца мажи кои тргнале со мотори за да му помогнат на својот познаник, пренесува Катимерини.
Φωτιά τώρα. Κόλαση στο Άνω Λουτρό Κορινθίας #φωτιατωρα #φωτια #Κορινθια pic.twitter.com/rLLJSkbFjM
— kon_Sarr (@kon_sarr) September 29, 2024
Жителите на неколку загрозени села добија наредба да се евакуираат, а пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот, пишува порталот.
Борбата со пожарот ја отежнува силниот ветер.
На терен се околу 350 пожарникари, 110 возила, 5 авиони и 4 хеликоптери.
Регионалниот гувернер на Пелопонез, Димитрис Птохос изјави дека пожарот брзо се проширил и излегол од контрола поради многу силните ветришта што вчера дувале во областа.
„Изгоре голема површина од шумата, но во моментов не можеме да процениме колку хектари. Исто така, изгореа и некои рурални куќи“, рече Птохос.
#φωτια#πυρκαγια
‼️ΈΚΤΑΚΤΟ‼️
Ανεξέλεγκτη η φωτιά στην Ροζενά στο Ξυλόκαστρο της Κορινθίας.
Το μέτωπο είναι 12 km.
Πολύ δύσκολη η κατάσταση 29-9-24.#εκτακτο #φωτια #ροζενα #ξυλοκαστρο #κορινθίας #κορινθια #Greece pic.twitter.com/xaZMk8Qf5P— v e l o c i t y (@krok7517100) September 29, 2024
Тој додаде дека училиштата во општина Ксилокастро-Евростини денеска нема да работат.
Пожарот избувна во неделата наутро во шумска област на Коринт.