Трагедија во Загреб: Воз налета млад човек, починал на лице место
Млад човек од Загреб загина утрово кога на него налетал воз во загрепски Бузин.
Како што потврдија за 24сата.хр од полициската управа во Загреб, околу 08:50 часот примиле пријава за несреќата, при што изјавиле дека се работи за малолетно лице.
„Засега ќе го третираме како несреќен случај. Истрагата е во тек, а се утврдуваат сите околности“, кратко соопштија од полициската управа во Загреб.
Како што неофицијално дознава порталот, станува збор за млад човек кој одел на тренинг и ја поминал железничката пруга. Истрагата ќе покаже што го спречило да го види или слушне возот.
Од Хрватски Железници го потврдија дека линијата била затворена поради инцидентот.
„Поради инцидентот возовите на релација Загреб ГК – Сисак – Загреб ГК сообраќаат на помошната релација Загреб ГК – Загреб Ресник – Загреб Житњак – Велика Горица. Патниците кои патуваат кон Загреб Клара, Бузин, Одра и Велика Горица и обратно се насочени кон јавниот градски превоз“, пишуваат оттаму.