Иран му се заканува на Израел: Ќе одговориме на вашите криминални дејствија
Иранското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата нема да ги остави „криминалните“ дејствија на Израел без одговор.
„Иран нема да остави неодговорено ниту еден од криминалните дела на Израел“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани на денешната прес-конференција и прецизираше дека тоа се однесува на ликвидациите на лидерот на Хезболах Сајед Насрала и заменик командантот на иранскиот Револуционерната гарда, Абас Нилфорушан, во Либан, пренесува Ројтерс.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги осуди израелските напади врз регионалните сојузници на Техеран, велејќи дека на Израел не треба да му се дозволи да ги напаѓа земјите од „оската на отпорот“ на Иран една по друга и предупредувајќи дека таквите акции нема да останат без одговор.
Пезешкијан рече дека Иран мора да го поддржи Либан откако Израел ја нападна таа земја, објавија иранските државни медиуми, објави претходно британската агенција.
Си-Ен-Ен објави дека неименуван американски функционер рекол дека администрацијата на Бајден е загрижена дека Иран може да го нападне Израел по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Извор на Си-Ен-Ен наведува дека во тек се подготовки за заедничка одбрана, а медиумите без прецизни податоци оценуваат дека тука спаѓаат „промени во воената позиција на Соединетите Американски Држави“, објави „Тајмс оф Израел“.
Во април, коалицијата на САД, Велика Британија, земјите од Персискиот Залив, Египет и Јордан му помогнаа на Израел речиси целосно да спречи масовен воздушен напад од Иран.