Свет

Продолжени нападите врз Либан: Убиени тројца водачи на Народниот фронт за ослободување на Палестина и еден лидер на Хамас

Израелските министри со барање, Палестинците да се иселат од Газа. САД: Тоа е палестинска земја

Тројца водачи на Народниот фронт за ослободување на Палестина загинаа во израелски напад врз Беира.

Народниот фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) денеска соопшти дека тројца водачи на таа палестинска група биле убиени синоќа во израелски воздушен напад врз населбата Кола во Бејрут.

Целта на нападот бил горниот кат на станбена зграда, пренесува Ројтерс цитирајќи неименуван сведок.

Во меѓувреме, палестинската група Хамас објави дека нејзиниот лидер во Либан, Фатех Шериф Абу ел Амин, заедно со неговата сопруга, син и ќерка, се убиени во израелски воздушен напад на Либан денеска.

Според соопштението на Хамас, семејството било убиено рано утринава во напад на нивната куќа во палестински бегалски камп во јужниот град Тир.

На почеток