Свет

Катастрофа во Непал: Бројот на загинати во поплавите се искачи на 193

Бројот на жртвите од поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во Непал изминатиот викенд достигна 193, соопштија денеска локалните власти.

Полицијата навела дека 31 лице се уште се водат како исчезнати, а дека 96 лица се повредени, пренесува АП.

Голем број луѓе загинаа во главниот град Катманду, каде беа забележани обилни врнежи, а голем дел од градот беше под вода.

Најмалку три автобуси се затрупани во лизгање на земјиштето кое однесе околу триесетина човечки животи на дел од автопатот, на околу 16 километри од Катманду.

Работниците успеаја привремено да го отворат клучниот пат до Притви, отстранувајќи ги камењата, калта и дрвјата спуштени од планините поради надојдените води.

Во неделата и понеделникот времето се подобри, што овозможи интензивирање на работите за поправка на штетите и спасувачките операции, јавува АП.

На почеток