Пронајдени телата на петмината Руси кои загинаа при искачувањето на седмиот највисок врв во светот
Телата на петте руски планинари кои загинаа на седмиот највисок врв во светот беа пронајдени денеска и пренесени во главниот град на Непал, Катманду.
Телата биле подигнати со спасувачки хеликоптери од базниот камп. Тие потоа биле пренесени од аеродромот во Катманду до мртовечницата на универзитетската болница Трибхуван.
Планинарите се искачија на планината Даулагири од 8.167 метри за време на есенската сезона на качување во Непал.
Тие биле пријавени за исчезнати на 6 октомври, а два дена подоцна нивните тела ги забележал спасувачки хеликоптер. Лошото време и локацијата го отежнаа извлекувањето.
Загинатите алпинисти се идентификувани како Александар Душејко, Олег Круглов, Владимир Чистиков, Михаил Носенко и Дмитриј Шпилевој.