Свет

Хуманитарна помош во Газа, првпат по две недели

Хуманитарната помош пристигна денеска во северниот дел на Газа, првпат по две недели, откако Соединетите Американски Држави испратија писмо до Израел, во кое бараат да го зголеми пристапот до помошта во Газа или ризикува да не ја добие американската воена помош во целост.

Околу 28 камиони со брашно и еден камион со гориво влегле преку главниот северен премин, изјави претставник на ОН, пренесе Ројтерс.

Вчера на преминот беа испратени 30 камиони, но натоварени се само 12 камиони со помош поради доцнење на трасата.

„Се надеваме дека повеќе помош ќе пристигне денеска преку северниот премин и од Јордан – со тоа што Вашингтон бара гаранции од Израел дека патот кон Газа ќе биде целосно оперативен“, рече претставникот.

На почеток