„Мерцедес“ излета од патот Куманово – Свети Николе, тешко повредена малолетничка
Од
Објавено на
Денеска во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај село Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот П.М. од Куманово, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.