Свет

Русите го нападнаа пазарот во центарот на Херсон: седум лица загинаа, неколку се повредени

Најмалку седум лица загинаа, а тројца се ранети денеска во руски напад на пазар во јужниот украински град Херсон.

Нападот се случил додека луѓето купувале храна на пазар во центарот на градот, изјави регионалниот гувернер Олександр Прокудин, пренесе АП.

Украинското обвинителство соопшти дека нападот „најверојатно“ бил извршен од руска артилерија и дека се случил во близина на станица за јавен превоз.

На почеток