Свет

Портпаролот на Кремљ за новиот генерален секретар на НАТО: Добро го познаваме господинот Руте

Новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте и е добро познат на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнувајќи дека Руте, како премиер на Холандија, зазеде бескомпромисен став кон Русија.

„Господин Руте ни е добро познат, тој и претседателот Путин поминаа повеќе од еден час на преговарачка маса“, изјави Песков за новинарите, коментирајќи го назначувањето на Руте за генерален секретар на НАТО.

Тој истакна дека „некогаш постоела надеж за градење добри, прагматични односи“.

После тоа, знаеме дека Холандија зазеде прилично непомирлива позиција, став кој целосно исклучува какви било контакти со нашата земја, така што не мислиме дека ќе се случи нешто значајно ново во политиката на Алијансата“, заклучи Песков.

Јенс Столтенберг денеска му ги предаде овластувањата на генералниот секретар на таа организација на Руте на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел.

На почеток