Терористички напад во Тел Авив, загинатите лежат на станицата
Шест лица загинаа, а девет се повредени во пукање во Тел Авив, соопшти израелската служба за итни случаи Magen David Adom (MDA).
Тие првично објавија дека загинале осум лица, но бројката е ревидирана на шест.
Полицијата соопшти дека инцидентот сега е под контрола. Тие ги „неутрализираа“ двајцата напаѓачи, кои ги опишаа како „очигледни терористи“.
Едниот бил вооружен со автоматска пушка, а другиот со нож.
Израелската национална служба за итни случаи извести дека инцидентот се случил во близина на железничката станица Јафа.
На вознемирувачките снимки кои се појавија на социјалните мрежи, може да се забележат луѓе како лежат безживотно на станицата, додека сè уште се слушаат истрели.
Израелските лекари претходно рекоа дека на местото на настанот пружиле помош на најмалку седум повредени лица, изјави портпаролот на МДА.