Кока-Кола отпушта 500 работници и затвора фабрика во Германија
Американскиот прехранбен гигант Кока-Кола најави дека следната година ќе ги затвори центрите за флаширање и логистика на пет локации во Германија и ќе отпушти 500 работници, истакнувајќи ги исцрпените можности за проширување на бизнисот и промените во логистиката.
Затворањата се планирани за локации во Келн, Нојменстер, Берлин, Билефелд и Меминген, се вели во соопштението на Coca-Cola Europacific Partners (CCEP) објавено вчера.
CCEP флашира, продава и дистрибуира производи на Кока-Кола во Германија и вработува околу 6.500 работници на 27 локации, вклучително и 14 фабрики за флаширање.
Затворањето на фабриката за флаширање и логистичките центри подразбира престанок на 505 работни места и префрлање на 207 од нив на други локации. Во исто време, компанијата планира да отвори 78 нови работни места.
Производството во Келн ќе биде прекинато на крајот на март следната година, најавија тие. Кока Кола има и логистички центар на таа локација и вработува вкупно околу 600 работници.
CCEP има четири фабрики за флаширање на запад од Германија, а Келн има две производни линии и најмал обем на бизнис, со исцрпени можности за проширување или раст, посочија тие.