Пристигна првата реакција на врховниот лидер на Иран: „Губете се од регионот“
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска се сретна со група високи претставници во Техеран. Тој ги обвини „САД и некои европски земји“ кои „лажно тврдат дека носат мир и спокојство во регионот“ за регионалните тензии и војни.
Тој им порача да „се губат од регионот“ за земјите од регионот да живеат во мир.
Тој рече дека е тажен поради убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, но не ја одложи средбата со високи претставници бидејќи, како што рече, „Иранската жалост е оживувачка и движечка сила“.
Наредбата за лансирање на ракетите кон Израел ја издал иранскиот врховен лидер, кој останува на безбедно место, изјави висок ирански функционер за новинската агенција Ројтерс.