Израел му забрани на шефот на ОН да влезе во земјата: Не заслужува да стапне на наша почва
Министерот за надворешни работи на Израел рече дека на Антонио Гутереш му е забранет пристапот во земјата поради, како што смета, антиизраелската пристрасност на шефот на ОН.
Израел Кац рече дека го прогласил Гутереш за „персона нон грата“ во Израел.
„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, рече тој на X.
Гутереш вчера го осуди „проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток, со ескалација по ескалација“ и повика на прекин на огнот во изјавата во која конкретно не се споменува Иран.