Скопје

(Видео) „Господ знае што се случи, наеднаш нѐ симна од автобус и отвори прозори“, нов паднат војник на ЈСП

Во Автокоманда, автобус кој возел на линијата 2, ги истоварил сите патници, без да им образложи зошто. Тие се лути, бидејќи ова доаѓа во време кога приватните превозници не возат, автобусите на ЈСП не го почитуваат возниот ред, а притоа, постојано се расипуваат.

„Господ знае што се случи, нѐ симна наеднаш од автобус, отвори прозори и толку беше“, вели читателка на „Скопје1“.

„Скопје1“ упати прашања до директорот на ЈСП, Драги Кушовски, поставен од градоначалничката Данела Арсовска во кои бараме одговори што се случило со овој автобус. Оттаму, со оглед на праксата не очекуваме одговори.

Воедно, го потсетивме дека повеќе од месец чекаме одговор дали ќе понесе одговорност за нефункционалноста на претпријатието, тоа што автобуси се самозапалуваат по улици, а патниците се загрозени.

На почеток