(Видео) Хаотично по автобуските во Скопје: „Висат луѓе, одвај се затвори“
Ученици не можат да стигнат на настава, вработени на работа. Приватните автобуси останаа паркирани, а возилата на ЈСП не можат да ги опслужат сите патници. Турканици, нервоза, расправии – ваква беше атмосферата на дел од автобуските кои беа преполни. Учениците се принудени да прават снимки за да оправдаат зошто не стигнуваат на време во училиште.
„Чекај сеа на класнава, еве на школо како доаѓаме. Висат луѓе, одвај се затвори. Ќе висат сега до кај мене на станица“, вели ученикот кој не може да стгине на настава, снимката ја достави до нашата редакција.
Главната менаџерка на Градот Скопје, Данела Арсовска, вчера има две објави на социјалните мрежи, поврзани со културни случувања. Но ниту една за проблемот со автобускиот превоз. Проблемот започна минатата недела, а револтот изби откако приватните превозници побараа повисоки цени по услугата за изминат километар.
Побараа од Советот да заседава на вонредна седница, а вчера имаше и координација на советнички групи, но на истата, не присуствувала Данела Арсовска ниту некој претставник од Градот Скопје. Заклучоците засега не се понзати.
Проектот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови еколошки автобуси или не е ставан на дневен ред или не ја добива поддршката од мносинството советници, а премиерот Мицкоски пак пред извесно време рече дека тој нема веднаш да го реши проблемот на граѓаните бидејќи како што посочи и да се нарачаат возила сега тие нема веднаш да бидат испорачани.