Свет

(Видео) Исповед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, одеднаш го однесе триметарски бран

Мухамед Беговиќ од Јабланица го загуби синот во поплавите што рано утринава го зафатија овој град во Босна и Херцеговина.

Тој за порталот „Аваз“ изјави дека се се случило во рок од 15 минути.

„Во куќата беа син, невеста, сопруга, внук и внука. Почнавме да излегуваме од дома. Синот одеше зад мене, малку се сврте и дојде голем бран. Веројатно беше три метри, синот само исчезна. Каде да одам сега? Освен синот, останатите успеале да преживеат. Ни помогнаа социјалните работници, сите сме згрижени, имаме каде да спиеме“, рече Беговиќ.

На почеток