Свет

Поплави во БиХ: жена во 8-ми месец од бременоста евакуирана од Јабланица, таа го изгуби бебето во болница

Од болница во Мостар за босански „Дневни аваз“ потврдиле дека екипите успеале да евакуираат жена во осмиот месец од бременоста, која потоа била хоспитализирана.

Бремената жена е оперирана и моментално е стабилна, но го изгубила бебето.

Голем број екипи на Итна медицинска помош од Мостар се испратени во Јабланица. На теренот има бројни тимови кои се обидуваат да стигнат до жртвите за да можат потоа да ги преземат екипите за итни случаи.

На почеток