(Видео) Експлозии во Бејрут; Хезболах: Борбите продолжуваат на границата


Либанското милитантно движење Хезболах објави дека продолжуваат борбите против израелските сили на границата, а сведоци од Бејрут јавуваат дека во тој град повторно се слушаат експлозии.
Southern suburbs of Beirut Lebanon 🇱🇧 pic.twitter.com/pnJbDkcx84
— PUBLIC⚜️🦍 👑 (@Abde1Jabbar) October 3, 2024
Хезболах објави дека израелската армија се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисех и дека борбите се во тек, пренесува Ројтерс.
Очевидци од либанскиот главен град изјавија за агенцијата дека силни експлозии се слушнале во јужните предградија.
Израел претходно издаде три предупредувања до жителите веднаш да ги напуштат тие делови на Бејрут.
