Свет

Трамп: Израел треба да ја нападне иранската нуклеарна инфраструктура

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека Израел треба да ја таргетира иранската нуклеарна инфраструктура, откако сегашниот демократски претседател Џо Бајден рече дека кога би бил на местото на Израел „ќе размисли“ дали да ги гаѓа иранските нафтени постројки.

Тензиите меѓу Иран и Израел се на високо ниво бидејќи Израел ги разгледува опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран, кој Иран го започна во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.

Бајден претходно рече дека кога би бил на местото на Израел, тој „ќе размислува за алтернатива на нападот на нафтените постројки“, додавајќи дека Израел сè уште не одлучил како да изведе контранапад и дека „се уште е предмет на дискусија“.

Трамп подоцна го критикуваше Бајден во Северна Каролина и отиде чекор подалеку, сугерирајќи дека Израел прво треба да ја „таргетира нуклеарната“ инфраструктура и „подоцна да се грижи за останатите“, според агенцијата Франс прес.

На почеток