Македонија

Деца натепани од врсници во Скопје, Хрватица си го бара сопругот, уапсена девојка за упатени закани

Денеска (05.10.2024) во 03.10 часот во Полициската станица Свети Николе, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(24) од Свети Николе, по претходна пријава од 18-годишна девојка, дека агресивно се однесувал и упатувал закани кон неа и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.10.2024 во 08.30 часот во Полициската станица Чаир Т.С.(51) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг Б.С.(49) од Р.Хрватска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 04.10.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје, А.М.(38) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека околу 12.15 часот во близина на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.10.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, В.Г.Р.(49) од Скопје пријавила дека на 27.09.2024 околу 12.30 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток