Македонија

Тројца повредени: судир меѓу „шкода“ и „мерцедес“ донесе и тешки последици

ФОТО Илустрација

На 05.10.2024 околу 12.00 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на ул.„Братство и единство“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(62) и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(60), двајцата од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. а со телесни повреди се здобил С.Р. и неговиот сопатник И.Ѓ.(44) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На почеток