Свет

Нов разурнувачки ураган ита кон Флорида со ветришта од 230 км/ч: на удар Мајами и Тампа

Над западниот дел на Мексиканскиот залив се формира нова тропска бура, која набрзо прерасна во ураган. Ураганот Милтон добива на сила и се движи кон исток.

Во моментов минува северно од полуостровот Јукатан во Мексико, со ветрови од урагански сили, обилни врнежи и поплави.

На пат кон Флорида, ураганот ќе зајакне до бура од четврта категорија и ќе донесе бурно време на запад од Куба и Хавана долж неговата периферија.

Ураганот се движи директно кон Флорида и од Мексиканскиот залив ќе го погоди западниот брег.

Флорида сè уште се опоравува од разорниот ураган Хелен, кој пред десет дена ја опустоши северна Флорида и југоисточниот дел на Соединетите држави и уби повеќе од 190 луѓе.

Ветровите во ураганот ќе бидат над 230 км/ч непосредно пред да го погодат западниот брег на Флорида.

Се очекува ураганот директно да ја погоди Тампа, по Мајами, најголемиот град на Флорида, кој има повеќе од 2 милиони жители.

Се очекуваат големи разурнувања, поплави, високи бранови. Во самата Тампа ветерот ќе биде над 180 км/ч, а се очекува да наврнат повеќе од 300 литри дожд на метар квадратен.

Ураганот ќе ослабне додека ќе помине над централна Флорида понатаму на исток преку Атлантикот, но цела Флорида ќе биде погодена од силни ветрови и обилни врнежи, со закана од торнада, додека разорниот ефект на ураганот ќе се почувствува во централниот дел на западниот брег на Флорида и во централните области на оваа сојузна американска држава.

На почеток