Пилот почина за време на летот: Авионот итно приземјен во Њујорк
Од
Објавено на
Авион на Туркиш ерлајн синоќа полетал од Сиетл во САД и принудно слетал во Њујорк поради смртта на пилотот за време на летот.
Пилотот пред смртта се обидел принудно да го приземји авионот кој летал за Истанбул, но трагедијата се случила пред да успеат да слетаат.
„Пилотот на нашиот Ербас 350… летот ТК204 од Сиетл за Истанбул почина за време на летот“, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Од персоналот веднаш му била укажана прва помош, но и покрај ова мажот умрел, пишува Метро.
„По неуспешниот обид да се пружи прва помош, вториот пилот и копилотот решија да го преземат леталото и принудно да слетаат во Њујорк“, додаваат од авиокомпанијата.