Скопје

(Фото) Сообраќајка во Аеродром: двајца возачи однесени во болница

Сообраќајка се случи ноќеска на раскрсницата кај кулите „Џеваир“ во Аеродром. Се судрија два автомобили, а возачите биле однесени во болница, бидејќи се жалеле на повреди.

Според првичните информации, тие немале тешки повреди и скршеници, по што, по прегледите биле пуштени на домашно лекување. Делови од автомобилите беа разлетани на булеварот.

На местото била повикана и полиција која направила увид. Деталите се очекуваат од МВР.

На почеток