Во судир помеѓу тротинет и мопед, тешко повредена 19-годишна девојка од Куманово
Од
Објавено на
Вчера во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет, управуван од малолетник и мопед управуван од 19-годишната А.А., двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.