Уште една трагедија: Тетовец пукан во глава, убиен од сопствениот татко
Од
Објавено на
Моменти пред дочекот на Новата година, 65-годишниот тетовчанец М.Н. го убил сопствениот син.
Жрвата е 39-годишен маж во Тетово. Телото е пронајдено во неговиот дом со прострелна рана во главата.
Тие живееле заедно, а неофицијално, според полицијата, на убиството му претходела караница. Имало обиди жртвата да биде спасена, но неуспешно. Брзата помош го однела во Ургентниот центар во Тетово, каде починал.
Убиството било извршено со ловечка пушка на 31 декември. Ловечката пушка била пронајдена покрај телот на 39 годишниот маж.