Македонија

Фатен бегалец од затвор осуден на затворска казна од 13 години

Вчера полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и полициски службеници од ПС Драчево во 18:30 часот на улицата „Иван Хаџиниколов“ во Скопје го лишија од слобода 43-годишниот Д.Ј. од Скопје, баран со потерница поради бегство од затвор, а осуден на казна затвор во траење од 13 години и еден месец поради сторени кривични дела по чл.237, чл.215 и чл.236 од КЗ на РСМ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

На почеток