Уапсен 34-годишен маж и малолетник од Велес, пронајдена дрога
Од
Објавено на
На 16.10.2024, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Ц.(34) и малолетник, двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја. Подоцна, со судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Ц., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и две дигитални ваги.
М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.