(Видео) Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
Од
Објавено на
Продолжува судењето за случајот со убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Се очекува денеска да бидат испитувани сведоци предложени од Обвинителството.
На минатото рочиште сведочеа поранешниот началник на СВР Велес Ристе Самарџиев и Музафер Каишиќ, помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.
Обвинети во случајот се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Сите на првото рочиште од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.