Како е најден „цитроенот“ со кој е киднапирана Вања: началник од МВР откри дека се допишувала со виртуелен дечко со слики од ИСИС и се губело време проверувајќи кој е
Дејан Димовски, началник за единица за насилен криминал во СВР Скопје, вклучен во истрагата за пронаоѓање на убиената Вања Ѓорчевска. Тој кажа дека случајот имал многу нелогичности додека траела потрагата.
„На помошникот наш му било чудно зошто Александар остана во кола. Александар велел дека е киднапирана и убиена што му било чудно. Пребаруваа и во станот и во Охрид дека и таму имале стан. Ни беше чудно дека таткото постојано што зборуваше дека е киднапирана. И тоа ќе беше добро да рече: „Па проверимe“, сведочи началникот Димовски.
Тој посочи дека време се изгубило додека се проверувале пораки на Вања со момче од Шведска, кое имало знамиња на ИСИС на профилот.
„Девојчето имало виртуелен дечко со кој што комуницирала од Шведска кој зборувале цело време како дечко и девојка виртуелно буквално чудно се овие нови генерации. Па имаше и знамиња од ИСИС на неговиот профил, тука следуваа проверки на граница дали тоа лице влегло во Македонија. Ги мапиравме сите камери на влезот во зградата но забелажавме еден мртов агол кој што не го фаќаше ниту една камера. Од тоа заклучивме дека девојчето нема шанси пешки да излегла од зградатата. Ние бевме убедени дека девојчето е излезено со возило затоа што ако излезеш од зградата на 10 метри влегуваш во реон на некоја од камерите“, додаде началникот од МВР.
Првите помисли на полицајците биле дека Вања е лута на родителите, па избегала.
„Не видовме кај ниту едно од возилата кои поминаа дека во нив има девојче“, додаде тој.
Посочи дека од Одделението за крвни деликти добиле информација дека било најдено целосно изгорено возило во село Бразда, ама беше направен увид утредента, кога се разденило.
„Бидејќи имаше информација дека со тој автомобил има исчезнато лице веднаш колегите мислам дека и со кучиња пребаруваа да не има нешто но не најдоа ништо. Колегите кои што работеа на запалениот „цитроен“ (на убиениот Панче) бараа камери во село Бразда. Таму знаете нема камери, најдоа една од општината беше мислам, но не можеа да земаат материјалите бидејќи било неработен ден, поради ОБСЕ нели, и после цел ресивер го земале и виделе дека со „цитроенот“ оди и некакво пикапче велеа, но не се гледаше регистрацијата на второто возило од таа камера“, посочи началникот.
Потоа, била дадена насока да се утврди каде се движел „цитроенот“ и пикапот на 23, 24, 25 ноември.
„И од Александар бевме известувани цело време. И ми се јави на 1 – 2 декември имам едно возило кое е интересно сомнително и викам ајде прати го ќе го провериме. Имавме луѓе кои дремеа пред монитори, и колегите го видоа тоа како возило кое беше нормално“, додаде началникот во сведочењето.
Тој просведочи за моментот кога правеле претрес во седиштето на партијата „Десна“. Таму бил сега обвинетиот Влатко Кешишов. До седиштето ги довело возилото „рено кангу“ кое се движело позади „цитроенот“. Внатре, Кешишов и уште три лица. Адвокатот кој бил таму раскажал дека претседателот Љупчо Палевски-Палчо не е во Македонија, но и посведочил како Палчо посочил дека пред неколку дена се пожалил дека го следело велешко возило „цитроен“.
„Ги легитимиравме Кешишев, таму седеше. Тогаш нормално и ги прашавме кај ви е председателот? И адвокатот Васко рече: ‘јас го носев Палчо за Белград имал човекот проблеми со кичмата’. Знаеш што е интересно, ми рече ‘едно велешко возило ме следи неколку дена’, прашавме, ‘какво возило’, рече ‘па цитроен некој ме следи’.
Распитот е во тек.