Македонија

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна затвор за убиство

Тепачка во „Идризово“ поради долгови

Денеска во 08.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 41-годишниот А.Б. од Тетово.

Тој бил осуден на осум години казна затвор за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба заради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје, каде што имал за доиздржување една година и шест месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје за доиздржување на казната.

На почеток