На 12.10.2018 година во 05.40 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, Д.Р.(58) од Гњилане, Косово, на пасошка контрола приложил српска патна исправа и грчка возачка дозвола.
По извршени проверки било констатирано дека грчката возачка дозвола била фалсификувана.
Д.Р. бил приведен и предаден на инспектор од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.