Македонија

Жена со повреда на главата донесена почината во Брза помош: две лица од кочанско се уапсени

На 23.10.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека Б.З.(70) и М.З.(45) од с.Чешиново, кочанско, кај нив со повреда на главата ја донеле почината нивната сопруга односно мајка, Ѓ.З.(69) од с.Чешиново.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител и поради сомнение за нивна инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Б.З. и М.З..

Исто така, по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Од извршената обдукција е констатирано дека не се работи за насилна смрт туку истата починала од срцев удар.

На почеток