Скопје

Отстранети неколку диви депонии во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров.

Интервенирано е на булеварот Александар Македонски, како и на улиците Џон Кенеди и Крсте Асенов во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад.

ЈП Комунална хигиена-Скопје вчера расчисти и две помали диви депонии во скопската општина Ѓорче Петров, лоцирани на улицата Никола Парапунов, каде што се отстранети 15 кубни метри отпад.

Екипите на Претпријатието имаа активности за расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“, при што се подигнати 20 кубни метри претежно кабаст отпад.

Расчистени се и приближно 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа одложен на јавни и сообраќајни површини во непосредна близина на Зегин на скопски Бит Пазар, како и на повеќе локации во населбата Кисела Вода.

На почеток