Македонија

На Табановце уапсен маж од Авганистан, незаконски влегол во државата

Вчера во 18.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од РСМ, полициски службеници го привеле 31-годишниот А.А. од Авганистан.

При вршење гранични проверки во автобус со грчки национални ознаки, било констатирано дека остварил незаконски влез во државата.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На почеток