Македонија

Сообраќајка во Кавардарци, тешко повреден мотоциклист

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на улицата „Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот М.С. од Кавадарци и мопед управуван од 34-годишниот М.Ј. од село Манастирец, општина Росоман.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

На почеток