Свет

(Видео) Украинците објавија снимка: „Го пресретнавме моќниот руски дрон Гербера“

Руското беспилотно летало „Гербера“, кое служи како дрон-мамка, неодамна за прв пат беше пресретнато со помош на беспилотно летало FPV од страна на украинските сили.

Овие беспилотни летала ги лансира Русија заедно со камиказа-дроновите Шахед за да ја збунат украинската противвоздушна одбрана и да ги принудат да трошат скапи ракети пресретнувачи на лажни цели.

Користењето на моќниот „Гербера“ и овозможува на Русија да ја намали ефикасноста на украинската одбрана со фокусирање на мамки наместо на реални закани.

На почеток