Свет

(Видео) Руски дрон удри во облакодер во Киев

Руско беспилотно летало удрило вчера вечер во облакодер во украинскиот главен град Киев, при што загинало едно лице, а четворица се повредени, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

Дронот предизвика пожар на последните катови од станбената зграда, соопштија официјални лица.

„Гори во зграда во населбата Соломјански, која беше погодена од непријателски дрон“, рече Кличко „Оштетени се 17-тиот, 18-тиот и 19-тиот кат. Екипите за итна помош се на терен“.

Серхиј Попко, шеф на воената администрација на главниот град, рече дека жителите се евакуирани од зграда во населба западно од центарот на градот.

На почеток