Македонија

Почина професор, д-р Војо Беловски

„Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашиот драг колега и професор, д-р Војо Беловски. Професорот Беловски беше почитуван член на академската заедница. Со својата посветеност и страст кон правото, професорот инспирираше многу генерации студенти и остави значаен белег во правното образование“, напишаа од правниот факултет, Универзитет “Гоце Делчев” – Штип и додадоа:

Неговото истражување и трудови во областа на трудовото право и работните односи, како и неговата заложба за квалитетно образование, ќе останат засекогаш запаметени. Неговото влијание врз студентите, колегите и пошироката заедница е непроценливо.

Д-р Војо Беловски, е роден на 04.04.1955 г. во с. Владимирово-Беровско. Има завршено високо образование на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“- Правен факултет, Скопје, Република Македонија и се стекнува со диплома дипломиран правник.

Завршени магистерски студии на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј – Институт за социолошки и правно- политички истражувања, Скопје, на тема „Менаџментот во акционерските друштва и во 1996 година се стекнува со диплома магистер по кадровски менаџмент. Има завршен осми научен степен на образование на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ –

Институт за социолошки и правно-политички истражувања, Скопје, Република Македонија, каде, во 2000 година, се стекнува со диплома Доктор на правни науки – докторска дисертација на тема: Менаџментот во трговските друштва на капиталот.
Во 2007 година го има положено стручен испит за застапници при Државниот завод за индустриска сопственост на Р. М и се стекнав со право на застапник на странски компании за заштита на правата од индустриска сопственост.

Од 1981-1988 бил на повеќе раководни функции, посебно како Раководител на служба за нормативни кадри и општи работи во ЗОИЛ -Македонија, Скопје (QBE – Македонија). Во 2008 година е избран за наставник – доцент на Првиот приватен универзитет „Европскиот универзитет“ – Скопје. Во 2008 година е избран за доцент на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, по предметот Трудово право. Во 2010 година започнува да ја извршува функцијата продекан за настава на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Во 2013 година е избран за вонреден професор при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на Правниот факултет. Се пензионира како редовен професор на истит факултет.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите. Нека почива во мир, ќе остане вечно запаметен. Слава му!

Погребот ќе се одржи утре, на 27.10.2024 година во неговото родно место од 13 часот.

На почеток