Синот на осудениот врховен судија Георгиев ќе одлучува за извршувањето на санкции во Скопје
Судијата Кирил Георгиев, син на осудениот врховен судија Наќе Георгиев, е назначен за судија за извршување санкции во Кривичниот суд, дознава „Скопје1“. Ова ќе значи дека Георгиев ќе има комуникации со затворите и ќе одлучува за судбините на лицата кои треба да издржуваат затвор, но и кои ќе бараат прекин на казната
Кирил Георгиев станува судија за санкции откако неговиот татко, пред месец и половина, од притворското одделение во затворот во Шутка, е преместен во струмичкиот затвор. Судијата Кирил е избран минатата година за од Судскиот совет, кога неговиот татко си поднесе оставка за да нема судир на интереси.
Инаку, три години затвор испазарил врховниот судија Наќе Георгиев за земените 10.000 евра во кеш со кои беше фатен на паркинг во Скопје. Георгиев призна дека заедно со Иџет Мемети му ветувале на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Малборо дека за 30.000 евра во случајот со марихуаната ќе му ја обезбедат најниската затворска казна. Според соопштението на Обвинителството, само за да го разгледа случајот судијата Георгиев барал 5.000 евра. Синот на Боро Малборо му ги однел на врата, во неговиот дом во Струмица. Судијата ги земал овие пари и ветил дека преку заменик претседателот на Советот на јавни обвинтели Иџет Мемети ќе издејствува спогодба со обвинителството за најниската можна казна од 5 години.
Во казната на судијата Георгиев ќе му се засмета и времето поминато во притвор.