Македонија

Корумпираниот судија Наќе Георгиев остана без судиската функција: Ќе ги принудиме ваквите судии, судницата да ја заменат со решетки

Врховниот судија Наќе Георгиев остана без судиската функција, по итната седница на Судскиот совет. Ова доаѓа откако тој призна вина дека земал мито за да влијае на судски предмет, па доби три години затвор и забрана за вршење дејност.

Според Законот за судови, на судија му претставува судска функција кога е осуден на најмалку шест месеци затвор, а Судскиот совет мора во рок од десет дена мора да го констатира тоа.

„Убедена сум дека ние сме спремни, ако го санкционираме сето ова, нема да дозволиме корумпирани судии кои го газат судството, да останат. И ќе ги принудиме замени, ако воопшто имаат срам, да судницата во која требало да делат правда, да ја заменат со затворски решетки“, рече Весна Дамева, претседателка на Судски совет.

На почеток