Скопје

Во текот на една недела санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 21.10. до 27.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, велат од ПОЦ.

На почеток