Македонија

Мицкоски дојде на власт и смени лента, договорот со Бехтел и Енка беше „историски риминал“, а сега е супер, реагира СДСМ

„Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал. „Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“; „Таму се фатени буквално во сериозен криминал“;„Криминалот со Бехтел и Енка ќе го кријат со Закон“; „Ова е историска пљачка“. Вака говореше Мицкоски до пред само неколку месеци“, велат од СДСМ.

„Дојде на власт, седна во премиерската фотелја и Мицкоски веднаш смени лента.

Одеднаш се е различно, се е супер.

Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните.

Вакво лажење на народот досега е невидено, се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ!“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

На почеток