Македонија

Со мотоцикл излетал од патот и удрил во метален браник: прилепчанец со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 10.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-Градско, мотоцикл „сузуки”, управуван од 31-годишниот М.К. од Прилеп, излетал од коловозот и удрил во метален заштитен браник.

По несреќата, М.К. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

На почеток