Македонија

Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа во Кочани

Вчера во 14.16 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од улицата „Страшо Ербапче“ и улицата „Кирил и Методиј“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот М.Ѓ. и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетник, двајцата од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

На почеток